„Новогодишна Зоо Бајка“ во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Традиционално трета година по ред во Зоолошката градина во Скопје ќе се одржува „Новогодишна Зоо Бајка“. Во пресрет на Нова година, најмалите ќе имаат можност да уживаат во детска претстава, а потоа и во доаѓање на Дедо Мраз со волшебното вовче. Сите деца ќе добијат подароци и пакетчиња, а влезот за настанот е 80 денари.

Како што соопшти Зоолошката градина-Скопје, „Новогодишната Зоо Бајка“ ќе се одржи денеска со почеток во 13:30. Настанот ќе биде по сите здравствени протоколи, безбеден за сите и на отворено. Носењето маска е задолжително.