Нови правила за влез и во Шведска


 

Поради ширењето на корона вирусот особено на сојот микрон, се повеќе земји ги менуваат правилата за влез. Меѓу нив и Шведска.

Имено, од 28 декември, сите патници кои се постари од 12 години, а влегуваат во Шведска мора да приложат негативен ОЦР тест, без оглед дали се вакцинирани или не, или имаат потврда за прележан корона вирус.

Ваква одлука е донесена поради зголеменото присуство на Ковид-19 ширум светот, како и новиот сој омикрон.

Шведска не е прва земја која го воведе ова правило. Покрај неа, уште седум земји во ЕУ – Португалија, Италија, Грција, Австрија, Летонија, Ирска и Кипар – бараат негативен ПЦР тест за сите странци кои доаѓаат од земјите на ЕУ, без оглед на вакциналниот статус.