„Нови бетони за одржлив свет“ – конференција за најновите трендови во градежништвото


ТИТАН Усје и Градежниот факултет од Скопје организираат стручна Конференција „Нови бетони за одржлив свет“. Конференцијата ќе се одржи утре, четврток (13.03.2025) во хотел Александар Палас, со почеток од 10.00 часот.

На свеченото отворање ќе говорат Константинос Николау – главен извршен директор на Титан Усје и проф. д-р Горан Марковски – декан на Градежен факултет Скопје.

На првиот панел на тема Како до иднина со нула емисии – Истражување на можностите за одржливо градежништво ќе настапат Деканот на градежниот факултет проф. д-р Горан Марковски, проф. д-р Петер Марк од СР Германија, проф. д-р Снежана Маринковиќ од Република Србија, Христофорос Вулгарис од Титан и Иван Ангелов од Титан Усје.

На вториот панел на тема Иднината на градежништвото – Бизнис стратегии и политики за зелена транзиција ќе говорат техничкиот директор на Гранит Андреј Сарафимовски, директорот на Фабрика Карпош Силјан Михајловски, комерцијалниот директор на Адинг Даниел Цеков, главниот извршен директор на ТИТАН Усје Константинос Николау и Маја Дојчиновска Колиќ од Институтот за стандардизација.