Новак Ѓоковиќ прв добитник на наградата „Глобал Сокер“ – му ја врачи Роналдо
Дубаи – Новак Ѓоковиќ е добитник на наградата „Глобал Сокер“, која ја доби во недела вечерта во Дубаи. Српскиот тенисер ја прими наградата од Кристијано Роналдо, а тоа беше момент кој привлече големо внимание на социјалните мрежи, бидејќи еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и најдобриот тенисер на сите времиња стоеја еден до друг.
Роналдо му ја додели на Ѓоковиќ посебна награда која се доделува од оваа година. Станува збор за награда за спортски достигнувања во текот на животот, слична на наградата за животно дело. „За мене, Ѓоковиќ е пример за долговечност. Имаме слична приказна. Тој ја заслужува оваа награда затоа што е пример за сите генерации“, рече Роналдо кога му ја додели наградата на Ѓоковиќ.
Хабиб објави фотографија со Ѓоковиќ
„Многу сум благодарен што ги слушнав овие зборови од него и што можам да го наречам мој пријател. Гледате некој што освоил сè, а сепак сака повеќе. Иако сме во различни спортови, можеме да се поддржуваме едни со други и да им покажеме на идните генерации дека нема граници.
„Оваа награда испраќа силна порака. Спортот може да промени животи. Кога Кристијано вели дека ќе постигне 1000 гола, ја гледате моќта на умот. Умот контролира сè“, рече Ѓоковиќ по примањето на наградата.
Дагестанскиот ММА борец Хабиб Нурмагомедов исто така објави фотографија со Ѓоковиќ на социјалните мрежи. „Со најдобрите спортисти во светот“, напиша поранешниот шампион на UFC на својата објава.