Новак Ѓоковиќ експресно до третото коло на Ролан Гарос
Франција– Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја запиша 76-та победа на Ролан Гарос.
Шампионот од 2016 година се пласираше во третото коло на Грандслем турнирот во Париз, откако во три сета славеше против Уругваецот Пабло Куевас со 6-3,6-2,6-4. Мечот на стадионот „Сузан Ленглен“ траеше вкупно 125 минути.