Нова титула за Македонија на изборот за Мис на Евроазија во Москва


Катарина Јовановска (26) од Тетово ја освои титулата tрета придружничка на годинашното издание на Мис на Евроазија, кое се одржа во Москва, Русија.

Јовановска го постигна овој успех во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од Европа и Азија.

Победничка е претставничката на Узбекистан, титулата pрва придружничка ја освои Мис Турција, а втора придружничка е убавицата од Русија.

Јовановска е дел од модното студио „Црнокрак“, кое веќе осум години ја има лиценцата за овој престижен избор за убавина.