Нова победа за ракометарите на Прилеп


 Ракометарите на Прилеп ја остварија третата победа во шампионатот. Тие вечерва во првиот дуел од 6.коло од Супер лигата на домашен терен ја совладаа Струга со 34:27. Првиот дел беше неизвесен до 20.минута кога домаќинот водеше со 12:11, а потоа следуваше серија од 6-0 за Прилеп со што беше најавена победата. Во вториот дел домашната екипа имаше и 12 голови разлика, а стружани до крајот само го ублажија поразот.

Најефикасен на дуелот беше Наум Костов од Струга со 8 голови, додека кај победникот Денис Шабановиќ постигна 6 голови.

Утре се играат два дуела: Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш и Радовиш – Вардар, додека во недела на програма се дуелите: МРК Куманово – Алкалоид и дербито меѓу Еурофарм – Охрид.

Шестото коло ќе биде комплетирано со натпреварот што ќе се игра во вторник меѓу Бутел и Пролет.