Нова мерка на Владата за поддршка на приватните работодавачи
Владата денеска донесе Измена на уредбата за поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено економската криза заради исплата на плати за април и мај 2020 година. Со овие измени се трга условот управители и сопственици на бизнисите вработени во истите да не може да ја користат мерката (а во насока на заштита на микро и малите фирми), и се дополнува со условот дека бројот на вработени треба да се задржи два месеци по користење на мерката, односно до јули 2020 година.
Дополнително, беше појаснето дека со оваа мерка компаниите не може да аплицираат единствено за свои вработени за кои се ослободени од плаќање придонеси и персонален данок преку проектите „Македонија вработува” или доколку се одлучат да ја искористат мерката за субвенционирање на 50 отсто од придонесите во вонредна состојба, која е дел од првиот сет на мерки за справување со кризата.