Нов Зеланд до јуни идната година ги повлекува трупите од Ирак


Нов Зеланд – Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Арден, денеска изјави дека земјата ќе ги повлече своите војници од Ирак до јуни следната година.

Контингентот на Нов Зеланд, во кој се 95 припадници на т.н. неборбен персонал се во воен комплекс северозападно од ирачкиот главен град Багдад, каде ги обучуваат ирачките безбедносни сили во рамки на заедничка мисија со 300 австралиски војници.

Арден рече дека бројот на новозеландските војници ќе се намали на 75 до јули, а до јануари следната година на 45 припадници на трупите, пред целосното повлекување.