Нов топол бран до крајот на неделава, од среда над 40 степени


Фото: Б. Грданоски

Под влијание на топла воздушна маса од југ, од денеска до крајот на оваа седмица времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината.

– Во следните денови на повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени. Најтопло ќе биде од среда до недела кога ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 9. Наместа долж Повардарието температурата ќе го надмине и 40-тиот степен, соопшти УХМР.

Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе
има зголемување на облачноста и во северозападните, претежно планински подрачја, ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура во интервал од 32 до 38 степени и УВ-индексот со вредност 8.

Во Скопје денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност  и слаб до умерен ветер од северозападен правец и температура до 37 степени.