Нов рекорд на заразени и починати од корона вирус во Индија, луѓето бегаат од градовите


 

Индија во саботата јави за рекорден број новозаразени со корона вирус, кој изнесува 145.384, како и за најгоем број починати во еден ден, во последните пет месеци.

Индија се бори со вториот бран од пандемијата поради кој во текот на викендот дојде до затворање на сојузната држава Махараштра.

Бројот на починати нарасна за 749 или вкупно досега 168.436 починати од корона вирус, покажаа податоците од Министерството за здравство.

Владата за порастот го обвинува групирањето и одбивањето да се носи маска

Бројот на заболени во Индија достигна 13,21 милиони, што е трет највисок број на светот. Повеќе заразени има само во САД и во Бразил. Индија објави најголем број случаи во светот во изминатата недела, кој надминува 100.000 заболени прв пат во понеделникот, а потоа четири пат по тој ден.

Владата за повторниот скок на заразата главно го обивинува метежот и одбивањето да се носат маски.

Махараштра, индиската држава со најмногу случаи, веќе ги затвори рестораните, трговските центри и црквите и забрани движење на повеќе луше за да ја контролира епидемијата која се заканува со колапс на здравствените установи и недостатокот на вакцини, велат надлежните. Крај на заклучувањето ќе се стави во понеделник.

Луѓето бегаат од градовите

Во индиското економско средиште Мумбај стотици сиромашни мигрантски работници оваа недела со возови побегнаа од градот, ризикувајчи така ширење на заразата во помалите градови и села.

Железничкиот оддел порекнува дека лушето погаат од градовите поради пандемијата, наведувајќи дека таквото движење се смета за вообичаено за ова доба од годината поради празниците и жетвата.

Во меѓувреме, многу држави се соочуваат со недостаток на вакцина.