Норвешка ја победи Шпанија во спектакуларен натпревар
Малме – Ракометната репрезентација на Норвешка ја победи Шпанија со 35:34 во спектакуларен натпревар од првото коло од втората фаза на Европското првенство. Левото крило Аугуст Баскар Педерсен ги предводеше Норвежаните со 11 гола. Најдобар стрелец на Шпанија беше Алеиш Гомез Абело, кој постигна осум гола.
Групата I ја предводи Германија, која е единствената репрезентација со четири бода. Таа освои два од првата фаза на натпреварувањето, а освои уште два во денешниот натпревар со Португалија, во кој славеше со резултат 32:30. Денот завршува со дерби помеѓу Франција и Данска, кое започнува во 20:30 часот.