Нормализиран сообраќајот на патот Бунец – Леуново, во прекин Никфорово – Леуново

Сообраќајот на регионалниот патен правец Бунец – Леуново од 17 часот е нормализиран, додека на регионалниот пат Никфорово – Леуново и натаму е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловозот. Како што соопшти АМСМ, се интервенира за негово расчистување.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Автомотосојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.