Ноќеска темелно се миеја улиците во Чаир, поради зголемена фреквенција од луѓе


ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ноќеска, започна активности за машинско и рачно миење на сите булевари и поголеми улици на територијата на општината Чаир.

Активностите се спроведуваа во текот на целата ноќ, во рамките на третата смена, со помош на три автоцистерни наменети за машинско миење и две автоцистерни наменети за рачно миење на улиците.

„Во периодот на рамазанските пости, во текот на денот вообичаено забележуваме зголемена фреквенција и движење на граѓаните. Од овие причини, во координација со општината Чаир, нашите екипи ќе спроведат засилено машинско и рачно миење на улиците и булеварите во оваа скопска општина.

Главен приоритет на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје е одржувањето на јавната чистота и заштитата на здравјето на граѓаните и се надеваме дека нашите вонредни активности ќе придонесат за намалување на ширењето на вирусот Ковид-19“ – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.