Нобелова награда за хемија за научници за развој на литиум-јонски батерии
Шведска– Нобеловата награда за хемија за 2019 година е доделена на тројца научници за развој на литиум-јонски батерии. Наградата им припадна на Џон Б. Гудинаф, Стенли Витингем и Акира Јошимо.
„Литиум-јонските батерии предизвикаа револуција во нашите животи и се користат во се, од мобилни телефони до лаптопи и електрични автомобили“, се вели во образложението на Нобеловиот комитет.
Со нивната работа, годинашните лауреати по хемија ги поставија темелите на бежично и општество без фосилно гориво.