Нивото на водата на Охридското Езеро 14 сантиметри под просекот за ноември
Нивото на водата на Охридско Езеро денеска се наоѓа на котата од 693,15 метри надморска височина (м.н.в.), покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.
Тоа е за 14 сантиметри под просекот за месец ноември кој изнесува 693,29 м.н.в. или пет сантиметри над дозволениот природен минимум утврден на 693,10 м.н.в..