Николовски: Сите кои имаат пензии над 20 илјади денари се оштетени

-Со тоа јазот меѓу минималната и максималната пензија би се корегирал. Пред претходното усогласување на пензиите – двапати по 2.500 денари – јазот беше 1,7 во однос на двете пензии. Со зголемувањето двапати по 2.500 денари, јазот се намали и сега имаме минимална во однос на максимална пензија 4,5%. Постигната е целта и според мене, ова сега нема ниту економско ниту социјално оправдување, па ниту правно, но Владата може да си донесе закон. Искуствата покажуваат дека на тој начин се нарушува стабилноста на Пензискиот фонд, истакнува Николовски.
Соговорникот потенцира дека има големо незадоволство кај пензионерите.
-Ги разбирам тие со минималните пензии и имам високо почитување за нив, меѓутоа пензијата не е социјална туку економска категорија. За социјалниот дел, државата е должна преку социјални пакети да обезбеди пристоен живот на сите граѓани, додава Николовски.