Николоски: Ќе ставиме крај на уцените од градежниците, луѓето се иселуваат што не можат да си купат куќа или стан
Министерот за транспорт Александар Николоски денес беше во работна посета на општина Битола. Тој присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на станбена зграда на ПУИГ во Битола.
„Станбениот квадрат и во Битола, како во Охрид, Скопје, Штип отиде многу високо и тоа што би можел да го најавам за овие 65 станови кои ќе се изградат тука, а ќе има и 7 деловни простории, како и 100 паркинг места, цената ќе им биде за најмалку 30-40% поевтина од тоа што е пазар во моментов во Битола. Со тоа мислам дека ќе ставиме крај на уцените кои ги прават градежниците со високи цени кои не соодествуваат на стандардот на македонските граѓани. Луѓето се доведени во ситуација да буквално се иселуваат од државата затоа што не можат да си дозволат да купат куќа или стан“, рече Николоски.