Никола Спировски освои златен медал на Балканската математичка олимпијада


На овогодишната Балканска математичка олимпијада македонскaта репрезентација за прв пат во историјата на Македонија постигна златен медал со кој се закити репрезентативецот Никола Спировски.

Покрај златниот медал, репрезентацијата се закити и со два сребрени медали на Дамјан Давков и Јан Стојановски, еден бронзен медал на Алексиј Тасиќ и две пофалници кои ги освоија Јасна Илиева и Блаже Суклевски.

Македонската репрезентација со овие резултати го постигна најголемиот екипен успех со освоени сто и осумнаесет поени и по бројот на освоени медали го зазеде третото место после Романија и Грција.

Овој голем успех влева огромна надеж за македонската математика и посакуваме да биде стимул за многу поголеми заложби и уште многу повисоки пласмани на македонските репрезентации во иднина – велат од Сојузот на математичари.