Невреме во Битола: Силен ветер, пожари, почна да врне и дожд (фото)


БИТОЛА – Силен ветер ја зафати попладнево Битола, дрво се сруши врз паркинг во центарот на градот и оштети автомобили.

Во истовреме пожар избувна на ридот во поранешната касарна кој брзо се распламтува и доколу не се изгасне е голема опасност за станбените објекти во новата населба Златен рид. 

Пожар има и во населбата Смилевски Баир под месноста Кркардаш каде што гори меѓу куќите. 

Пожарната од Битола веќе е упатена кон местото на пожарот. Многу гранки се искршени низ дрворедите низ градот. Во моментов, во Битола почна да врне силен дожд, проследен со ветер и грмотевици, што може да помогне да се изгасат пожарите.

(А.Б.)