Невреме со дожд и град во Крива Паланка
Невреме со обилни врнежи од дожд и град со големина на орев ја зафати попладнево Крива Паланка.
По улиците на градот се слеа огромна количина вода, но и град.
Кривопаланчани стравуваат дека невремето ќе ги уништи и земјоделските култури, но и овошките.