Невработеноста во САД останува 4,2 отсто, помал број Американци пријавиле невработеност


Бројот на Американци кои примаат надоместок за невработеност неочекувано се намалил минатата недела, а тоа укажува на стабилност на пазарот на трудот на почетокот од годината, додека стапката на невработеност се предвидува да остане 4,2 отсто.

Иако на почетокот од годината бројот на барања за надоместок за невработеност обично е нестабилен, годинава овој показател можеби е поврзан со ниското ниво на отпуштања. Стабилноста на пазарот на трудот е потврдена со податоците објавени во синоќа што кои покажуваат раст на бројот на работни места во ноември: на секој невработен имало 1,13 отворени работни места, споредено со 1.12 во октомври.

Се очекува дека состојбата на пазарот на трудот во САД да овозможи Федералните резерви (американската Централна банка) во јануари да не вршат интервенција со каматните стапки.

Во САД во ноември биле отворени 227.000 нови работни места. Се прогнозира дека стапката на невработеност ќе остане непроменета и ќе изнесува 4,2 отсто.

Сепак, иако нивото на отпуштања останува ниско споредено со историските податоци, вработувањето во САД е забавено. Некои од оние што останале без работа бараат нова работа со месеци.