Неуспешна американската мисија на Месечината: Леталото има проблем


Американската мисија на Месечината лансирана во понеделникот наиде на технички проблем.

Astrobotik, компанијата зад проектот, вели дека нејзиното вселенско летало Peregrine доживеало „аномалија“ што го спречило да ги насочи своите соларни панели кон Сонцето.

Без можност за полнење на батериите, мисијата нема да може да продолжи, јавува Би-би-си.

За потсетување, првиот американски лунарен модул во последните 50 години беше лансиран денеска кон Месечината, со што започна конкуренцијата на приватни компании во трката за испорака на нови вселенски летала на НАСА и другите потенцијални клиенти.

Модулот Peregrin на компанијата „Astrobotic Technology“ е лансиран на целосно нова ракета Vulkan на United Launch Alliance (ULA), пренесува AP.

Ракетата Вулкан полета од космодромот во Флорида пред зори и го однесе модулот во орбитата околу Месечината, а обидот за слетување беше планиран за 23 февруари.

Компанијата „Astrobotic Technology“ од Питсбург има за цел да биде првата приватна компанија која успешно слета на Месечината, што го постигнаа само четири земји.

Последен пат САД започнаа мисија за слетување на Месечината во декември 1972 година, кога Џин Кернан и Харисон Шмит од Аполо 17 станаа 11-ти и 12-ти луѓе што одеа на Месечината, а тој настан го претставува врвот на ерата во која доминираа НАСА.

Новата програма на вселенската агенција Артемис, именувана по сестрата близначка на грчкиот бог Аполон, има за цел да ги врати астронаутите на површината на Месечината во следните неколку години, но прво, веројатно пред крајот на оваа година, со модул ќе летаат четворица астронаути кои само ќе орбитираат околу Месечината.

Ракетата Вулкан која беше лансирана вчера е долга 61 метар и всушност е надградена верзија на исклучително успешната ракета Atlas V која ја произведоа Боинг и Локид-Мартин како дел од заедничката компанија ULA (United Launch Alliance), но која постепено се се укинува постепено, според Ројтерс.

Компанијата на милијардерот Џеф Безос, Blue Origin, ги обезбеди двата главни мотори за ракетата што беше лансирана денеска.