Нетанјаху и Ајзенкот ги започнаа разговорите за можна влада на национално единство


Гади Ајзенкот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на партијата Јешар, Гади Ајзенкот, денеска во седиштето на Израелските одбранбени сили (ИДФ) во Тел Авив, имаат средба каде што прво ќе добијат безбедносни информации, а потоа ќе разговараат за можноста за формирање влада на национално единство, соопшти партијата Јешар.

Партијата, исто така, соопшти дека истовремено се одржува состанок на претставници на Јешар и партијата Б’Џахад, предводена од Нафтали Бенет, објавува „Тајмс оф Израел“.

Не се очекува Бенет, единствениот лидер на партијата во блокот на Ајзенкот кој се залагаше за формирање влада на национално единство со Ликуд, да присуствува на состанокот Јешар-Ликуд.

Средбата се одржа откако Нетанјаху вчера објави дека е подготвен да му ја отстапи премиерската функција на Ајзенкот, а потоа да ја преземе функцијата втор премиер според договорот за ротација, по што Ајзенкот му даде на Ликуд 24 часа да постигне коалициски договор.

Според израелските медиуми на хебрејски јазик, Нетанјаху бара да остане премиер за одреден, засега недефиниран период пред почетокот на ротацијата, со цел да го надгледува евентуалниот безбедносен инцидент поврзан со Иран.

Според тие наводи, Ајзенкот решително го отфрлил тој услов.