Нетанјаху гласаше и најави „многу тесна трка“ на изборите


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху утринава излезе на гласање на општите избори во земјата, втори годинава, и притоа предупреди дека ќе има тесна трка за победа, јави ДПА.

-Претседателот Трамп вчера изјави дека ова ќе бидат тесни избори, и јас утринава можам да ви потврдам – тие се многу тесни, изјави Нетанјаху.

Тој ги повика сите граѓани на Израел да излезат и да гласаат, како што тој и неговата сопруга излегоа да гласаат.

Анкетите покажуваат дека десничарската партија Ликуд на Нетанјаху е со еднакви шанси за победа со центристичката „Сино-бела“ партија, предводена од Бени Ганц и Јаир Лапид, додаде ДПА.