Нестабилно време со дожд, особено во петок
Времето во следните денови ќе биде нестабилно, односно, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.
Наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.
Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во петок.

Времето утре пак, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
