Несреќен случај или самоубиство: Момче падна од катна гаража во центарот на Скопје
Малолетникот на возраст од 15 години синоќа паднал од катната гаража „Разловечко востание“ која се наоѓа спроти ГТЦ во Скопје, при што починал на самото место. На терен веднаш пристигнале екипи на полицијата.
Неофицијално според полициски извори станува збор за самоубиство, додека порталите објавија дека момчето непосредно пред падот на Снапчет споределил фотографија на која се гледа како се наоѓа на најгорниот кат на катната гаража.
Истражителите треба да дадат одговор дали се работи за еден од несреќните случаи, инспирирани од предизвиците на социјалните мрежи, или самоубиство.