Немаме ниту време, ниту луѓе за поделби, за национализми, за омраза, рече Лукаревска


Македонија нема ниту време ниту луѓе за поделби, за национализми, за омраза, заедно работиме за побрз развој на нашата заедничка татковина, рече заменик-претседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Сања Лукаревска, на средбата со граѓаните на општина Чаир.
 
„Чаир се гордее со својата традиција и брзо се развива во модерна општина. Со поддршка на Владата предводена од СДСМ се обезбедени 690.000 евра за Чаир од грантот од Светска банка за поврзување на локалната патна мрежа. Се грижиме за најмладите, инвестираме во нова градинка во Чаир со капацитет од 350 деца, во реконструкција и подобрување на условите во повеќе училишта“, рече Лукаревска, барајќи поддршка за советничката листа предводена од Марија Вељовска-Кондовска.