Негативно мислење на Комисијата за употребата на името Иван Михајлов


Клубот на Бугарите од Битола (Фото: А. Блажевска)

 

Комисијата за употреба на имиња на личности на денешната седница даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов поднесено од здружението Културен центар ,,Иван Михајлов“ од Битола.  Заклучокот од седницата ќе се проследи до министерот за правда кој ќе треба да донесе одлука по претходно добиеното негативно мислење од Комисијата.

Комисијата смета дека именувањето на здружението според меѓувоениот водач на ВМРО, Иван Михајлов, е провокација за националните чувства на  македонскиот народ,  имајќи предвид дека се работи за личност блиска  со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество.

Комисијата заседаваше во полн состав. Претседател на Комисијата за употреба на имиња на личности е проф. Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ. Нов член е и Евгениј Литовски, историчар во Министерството за култура.