Негативен природен прираст, за 10.6 отсто помалку новороденчиња во вториот квартал
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, природниот прираст изнесува минус 235, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во второто тримесечје од годината е намален за 4,8 проценти во споредба со истиот период од минатата година и изнесува 3.247 бракови.
Во ова тримесечје се добиени 439 извештаи за разведени бракови.