Не сте го пробале ова! Гурманска салата со пилешки џигер и јаболка
Задоволувачко и освежувачко, ова е најдобриот начин да се опише оваа салата, која всушност може да биде убав ручек сама по себе.
Состојки:
пилешки џигер 500 гр
кромид 1 глава
јаболка 2
ѓумбир во прав 1/2 лажиче
сок од јаболко 50 мл
рукола 1 грст
масло 50 мл
сол по вкус
бибер по вкус
Подготовка:
На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид. Додадете јаболка исчистени од семки и исечкајте ги на тенки парчиња и ѓумбир, сол и бибер, па измешајте сè. Извадете ги омекнатите парчиња јаболка и ставете го џигерот на маслото, па пржете додека малку не поруменат. Истурете го сокот од јаболко и динстајте додека течноста речиси не зоврие. Додадете ги јаболката, измешајте да се соединат сите вкусови и тргнете од оган. Послужете со рукола.