Не се размислува за седми пакет мерки за поддршка на стопанството
Со новите мерки за заштита од корона вирус, најпогоден можеби е туристичко-угостителскиот сектор, од каде со денови се жалат дека прометот им е намален до 40 отсто, со оглед на тоа што во трговски центри и ресторани може да се влезе само со сертификат за вакцинација.
– Здравјето на граѓаните пред сѐ. Ако треба да се прави компромис меѓу мерка за угостители и здравјето на граѓаните и борбата за заштита на граѓаните, здравјето на граѓаните е прес сѐ. Секој еден изгубен денар ќе се надокнади, кога тоа навистина е потребно и за тоа ќе седнеме и ќе разговараме.Секако сметамд ека во овој момент навистина сите треба да сме спремни нешто да оставиме наспроти борбата што нѐ чека сите, а тоа е енормното зголемување на бројот на заразени о дкорона вирусот и борбата за живот којшто секојдневно нѝ е многу поважен од сѐ друго.
Угостителскиот како и туристичко-хотелскиот сектор навистина е погоден не само во Македонија, насекаде во светот, но треба да видиме колку тие вистински придонесуваат, колку добиле. Во изминатите пакети овој сектор е потпомогнат со 14 отсто од вкупната помош дадена во стопанството, наспроти нивниот придонес во бруто домашниот производ којшто е многу помал, но се надевам дека сме покажале дека не ни значи колку се придонесува, туку колку ние се грижиме за секој – вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, денеска на почетокот на изградбата на клучката кај булевар „Словенија“ и Качанички пат.
Прашан далис е размислува за седми пакет економски меркиз а поддршка на стопанстовот Битиќи рече дека во овој момент не се размислува за седми пакет мерки. Појасни дека разговараат со стопанските комори, но да се види колку ќе трае ова затворање и ако треба ќе се обезбеди помош.