Не е надлежен, но Вучиќ лично ќе ги гонел обвинителите за случајот со тракторите

Полицијата уапси четири лица под сомнение дека во периодот од 14 до 15 март ги оштетиле трактори паркирани во близина на Пионерскиот парк во Белград непосредно ред големиот протест. На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, а ова апсење следеше откако претседателот на Србија на поинаков основ го коментираше „случајот со тракторите“ од Париз и по тој повод најави дека лично ќе ги гони обвинителите и ќе поднесе кривична пријава против нив.
„Јас лично ќе поднесам кривична пријава против обвинителот“, вели Вучиќ.
Така претседателот го започна својот одговор кога ТВ Пинк побара од него да се произнесе за тоа што обвинителот, постапувајќи по тужба против невладина организација за загадување на животната средина, побара од полицијата да утврди кои се земјоделците кои ги паркирале тракторите во близина на Пионерскиот парк.
„И илјадниците трактори низ Србија кои се ангажирани на демонстрации на опозицијата веројатно никаде не загадија ништо, па убаво е што се возат на тие трактори, а овие трактори што спасија животи на млади луѓе беа уништени, така што и сопствениците треба да бидат казнети. Јас лично ги возев, јас сум виновен за сето тоа, па нека ме гонат мене, а јас лично ќе ги гонам обвинителите кои тоа го прават“ “, вели Вучиќ.
„Човекот буквално вели – јас сум сторител на сите кривични дела, гони ме, и ќе го гоним секој обвинител што ќе ме гони ‘па ќе видиме што ќе кажат другите обвинители’… Ова е буквално војна на државните органи едни против други. Квантно лудило“, напиша адвокатот Владимир Терзиќ.
А во врска со тие зборови на претседателот потсетуваме дека Вучиќ неодамна најави дека ќе бидат сменети обвинителите и полицајците кои не го штитат редот.
„И затоа оваа изјава делува малку заканувачки. Исто така, она што е проблематично во продолжение на неговата изјава е дека тој лично ќе ги гони тие обвинители, а морам да кажам дека тој не е надлежен да спроведува кривично гонење“, вели Предраг Миловановиќ, член на Здружението на обвинители на Србија.
Не е надлежен, но само 24 часа откако претседателот во Париз го кажа своето мислење за тракторите, МВР соопшти дека уапсила четири лица под сомнение дека ги оштетиле тракторите кои биле паркирани во близина на паркот.