НБА: Далас со висока победа се избори за петти натпревар
Кошаркарите на Далас се изборија за петти натпревар од финалето во НБА лигата, совладувајќи го синоќа Бостон на домашен терен со убедливи 122-84.
Лука Дончиќ постигна 25 од своите 29 поени во првото полувреме, а Кајри Ирвинг додаде 21 поени за Далас, кој сега ја намали негативата на 3-1 во серијата до четири победи.
Најефикасни во редовите на Бостон беа Џејсон Тејтум со 15 и Сем Хаузер со 14 поени.
Серијата сега се враќа во Бостон каде в понеделник на програмата е петтиот натпревар.