Навики кои им штетат на бубрезите


Оштетувањето на бубрезите е предизвикано од негативен процес кој трае неколку години, како резултат на лошите животни навики и неправилно лекување на други болести, особено дијабетес.

Според кинеската традиционална медицина, бубрегот е еден од најважните органи, а Кинезите го нарекуваат дури и второ срце. Таквото разбирање има основа, бидејќи кога бубрезите ја губат функцијата или тоа е нарушено, сите органи во телото полека губат рамнотежа.

За да го зачувате здравјето на бубрезите, обрнете внимание на овие 10 работи:

Физичка неактивност

Вежбањето е одлично за телото и циркулацијата и може да помогне во регулирање на шеќерот во крвта и одржување на оптимална телесна тежина. Истражувањата покажаа дека слабеењето позитивно влијае на функцијата на бубрезите.

Воздржување од одење во тоалет

Нередовното мокрење може да биде многу лошо за бубрезите, бидејќи се задржуваат токсините кои треба да се исфрлат од телото. Со текот на времето, ова може да доведе до губење на уринарната контрола, како и до камења во бубрезите и други оштетувања на бубрезите.

Прекумерно консумирање алкохол

Бубрезите му помагаат на телото да ги филтрира штетните материи од телото, вклучувајќи го и алкохолот. Значи, ако пиете премногу алкохол, бубрезите се под голем притисок. На овој начин може да се оштетат.

Пушењето

Пушењето го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, бидејќи го зголемува пулсот, ги стеснува крвните садови, го оштетува протокот на крв и доведува до артериосклероза на крвните садови во бубрезите.

Недоволно вода

Правилната функција на бубрезите зависи од адекватен проток на течности. Дехидрацијата е една од причините за оштетување на бубрезите и формирање на камења во бубрезите.

Висок крвен притисок

Важно е од време на време да го проверувате крвниот притисок, бидејќи хипертензијата е водечка причина за оштетување на бубрезите.

Многу слатки

Конзумирањето премногу шеќер може да го зголеми нивото на урична киселина, што често резултира со развој на некои болести. Затоа, изберете задоволства со повеќе влакна и помалку шеќер, како што е овошјето.

Премногу сол

Високото ниво на натриум во исхраната, без разлика дали е во форма на сол или почесто преку скриени извори, е многу проблематично, особено ако постои склоност кон хипертензија. Многу закуски, повеќето брза храна, конзервирана храна и пакувана храна содржат големи количини на натриум, па затоа треба да се намалат.

Неправилна исхрана

Традиционално „лошата“ храна како белиот ориз, белиот леб и тестенините се добри за бубрезите, затоа не ги исфрлајте целосно. Јадете многу свеж зеленчук и овошје. Конзумирајте протеини во умерени количини. Растителните и одредени животински извори на протеини како пилешкото и рибата се полесни за бубрезите. Јадете многу свеж зеленчук и овошје.

Лекови „ на своја рака“

Не земајте таблети и други лекови „само“. Одредени лекови може да предизвикаат оштетување на бубрезите ако се земаат погрешно или ако не се следат нивните ефекти. Лесно достапните лекови против болки како што се ацетилсалицилна киселина и ибупрофен се лоши за бубрезите ако се земаат редовно или секојдневно. Одредени антибиотици исто така може да бидат штетни.