НАТО на линија со Шојгу додека траеше бунтот на Вагнер


Поради стравот на НАТО од можен нуклеарен инцидент, имало „неформални контакти“ меѓу Алијансата и руското Министерство за одбрана во врска со обидот за бунт „Вагнер“, соопшти денеска римска „Република“.

 

Според италијанскиот весник, вниманието на НАТО било насочено кон повеќе од 1.400 нуклеарни боеви глави кои можат веднаш да се употребат. Соговорник бил рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, како и дека НАТО сака веднаш да стави до знаење дека неговите сили немаат никаква улога во акциите што бунтовниците се осмелуваат да ги преземат.