НАТО ја обвини Русија дека бара изговор за инвазија


Ја осудувам одлуката на Русија да го прошири признавањето на самопрогласените „Доњецка народна република“ и „Луганска Народна република“, изјави вечерва генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

– Ова дополнително го поткопува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, ги еродира напорите за решавање на конфликтот и ги прекршува договорите од Минск, во кои Русија е засеганата страна“.

Тој ја обвини Русија дека бара изговор за инвазија на Украина.

„Во 2015 година, Советот за безбедност на Обединетите нации, во кој членува Русија, го потврди своето целосно почитување на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина. Доњецк и Луганск се дел од Украина“, се наведува во соопштението на Столтенберг.

Москва продолжува да го поттикнува конфликтот во источна Украина со обезбедување финансиска и воена поддршка на сепаратистите. Исто така, се обидува да исценира изговор за уште еднаш да ја нападне Украина.

„НАТО го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници. Сојузниците ја повикуваат Русија, на најсилен можен начин, да го избере патот на дипломатијата и веднаш да го промени своето масовно воено засилување во и околу Украина и да ги повлече своите сили од Украина во согласност со нејзините меѓународни обврски и обврски“, инсистира Столтенберг.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Фредерика Фон дер Лајен исто така најостро ја осудуваат одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да продолжи со признавањето на областите Доњецк и Луганск, кои не се контролирани од властите во Украина, како независни ентитети.

„Овој чекор е очигледно кршење на меѓународното право, како и на договорите од Минск“, се истакнува во заедничкото соопштение од Мишел и Фон дер Лајен.

„Унијата ќе реагира со санкции против инволвираните во овој незаконски чин“, најавија ЕУ дипломатите.

Унијата ја повторува својата непоколеблива поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.