Натепани двајца малолетници во школски двор во Карпош


Полициски службеници од Полициската станицата Карпош повикале тројца малолетници на распит поради сомнение за физички напад врз други двајца малолетници.

– Денеска (27.09.2023) во 10.00 часот во Полициската станица Карпош биле повикани А.З.(18) и уште тројца малолетници, сите од с.Сингелиќ, скопско, поради сомнение дека на 26.09.2023 околу 13.35 часот во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош физички нападнале двајца малолетници. Со нив бил извршен службен разговор во присуство на нивните родители, известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава, соопштуваат од СВР Скопје.