Народниот правобранител ќе бара одговори за бебето кое почина од туберколоза


Фото: Б. Грданоски

Народниот правобранител формирал предмет по сопствена иницијатива за да се истражат сите околности за случајот со бебето кое почина од туберкулоза, објави „Телма“.

Бебето во тешка здравствена состојба беше донесена на Клиниката за детски болести заразено од туберкулоза, по што почина откако му се влоши состојбата.

Мајката на бебето е заболена од туберкулоза и е хоспитализирана, додека позитивни на болеста се и таткото и останатите деца, но тие немаат симптоми.

Таткото негираше дека не се грижеле соодветно за бебето, а исто така и социјалните служби во Куманово констатирале дека нема пропуст во грижата за бебето, па сега Народниот правобранител ќе бара одговори за случајот.