Напојувањето со електрична енергија во неколку земји на Балканот почна да функционира
Напојувањето со електрична енергија без која претходно денеска остана без цела Далмација, постепено почна да функционира, јавуваат хрватските медиуми.
Најдоцна до 15 часот и 30 минути целата територија на Далмација треба да добие струја, пренесе Хина.
Засега делови од Сплит, како и други градови и населени места се приклучени на електричната мрежа.
И во БиХ полека се враќа струјата
Снабдување со електрична енергија во Босна и Херцеговина Снабдувањето со електрична енергија е воспоставено во поголемиот дел од земјата. Ова за Klix.ba го потврдија од Независниот системски оператор.
Прекинот на струја траеше меѓу еден и два часа во поголемиот дел од Босна и Херцеговина. Целосна стабилизација се очекува во текот на денот.
И Црна Гора доби електрична енергија