Наплатните пунктови на „Водовод“ во Сарај, Шуто Оризари и Лисиче, нема да работат денес и утре


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ги известува корисниците на услугите дека на денеска шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието ќе работат од 7.30 до 14 часот, а на 30 ноември 2023, четврток, од 9 до 14 часот.

Наплатните пунктови во Сарај, Шуто Оризари и Лисиче, нема да работат.

Со редовни работни активности и редовно работно време се продолжува на 1 декември 2023, петок.

Оваа одлука е во согласност со заклучоците донесени на 199 седница на Владата на Република Северна Македонија, поради одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи, велат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.