Наместо да се плашиме која ќе биде следна, тука сме да кажеме – ниту една повеќe!

Со блокада на улицата пред Собранието во Скопје, Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради поради убиството на Росица, како и претходни случаи на фемициди кои остануваат несоодветно третирани од институциите.
Учесниците во протестот посочија дека жените во оваа држава, како и во светот, не се заштитени.
– Наместо да се плашиме која ќе биде следна, тука сме да кажеме – ниту една повеќе, беше кажано на настанот.
На протестот повторно беа побарани измени во Кривичниот законик, и беше најавено дека вакви собири се планира да се одржуваат секој четврток.
Испратен беше повик сите заинтересирани да го кажат своето искуство на темата и да ја споделат својата приказна.