Највено заладување – зимата стигна во Италија, снег на превоите


Студен бран пристигнува на Балканот, што веројатно ќе ја зафати и Македонија од четврток. Но, во Италија, зимата пристигна порано од очекуваното.

Во текот на изминатата недела, температурите нагло паднаа низ Европските Алпи, а снегот ги покри скијачките центри над 2.000 метри надморска височина во Франција, Швајцарија и Италија.

Влошувањето продолжи и во текот на викендот, носејќи му на Пиемонт, регион во северна Италија, најобилни септемвриски врнежи од дожд во повеќе од 30 години. Многу патишта се затворени поради обилните снежни врнежи, вклучувајќи го и познатиот швајцарско-италијански превој Готхард.

Локалните претприемачи и љубители на скијање го поздравија септемврискиот снег како предвесник на добра скијачка сезона, но не сите беа подеднакво ентузијастични. Особено не оние кои беа затекнати без соодветна опрема од врнежите, длабоки до 50 сантиметри во западните и јужните Алпи. Превојот Готхард беше затворен во двата правци. Патиштата Тифенбах-Глец и Васен-Мајринген исто така останаа затворени поради дождот.

Првите снегулки пристигнаа и во популарниот италијански скијачки центар Червинија, на северозападниот дел од земјата. Туристите таму, уште во септември, можеа да доживеат вистинска зимска атмосфера.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by SchneeToni (Antonio Spitaleri) (@schnee_toni)

Температурите паднаа на околу 0 °C, а слики од пејзажот покриен со снег се појавија на социјалните мрежи: „Зимата официјално пристигна, а падините се веќе бели“.