Најмалку осум повредени во напад со чекан на универзитет во Токио
Најмалку осум лица се повредени по денешниот напад со чекан на универзитет во Токио, објавија локалните медиуми.
Околу 16 часот по локално време, повеќекратни повреди биле пријавени во кампусот Тама на Универзитетот Хосеи во Мачида, Токио, соопшти полицијата и други извори.
Се верува дека најмалку осум лица се повредени, но сите се свесни, се вели во извештајот.
Осомничениот кој управувал со чеканот е уапсен на местото на настанот, а полицискиот оддел во Токио во моментов ги истражува деталите за инцидентот.