Најмалку 52 жртви во пресметка меѓу затворски банди во Бразил
Најмалку 52 лица се убиени во судири меѓу затвореници во затворот Алтамира во северниот дел на Бразил, соопштија локалните власти.
Властите на државата Пара соопштија дека 16 жртви се обезглавени, додека останатите починале од задушување. Бројот на жртвите би можел да се зголеми.
Затворениците запалиле дел од затворот Алтамира во обид да ја спречат полицијата да влезе.
Во пресметката меѓу криминалните банди која почна рано утрово, не е повреден ниту еден затворски службеник.