Најмалку 17 ученици загинаа во пожар во училиште во северна Нигерија


Најмалку 17 ученици загинаа во пожар во северната нигериска држава Замфара, соопшти денеска портпаролот на полицијата Јазид Абубакар.

Во пожарот што избувнал синоќа загинаа ученици во исламско училиште во градот Кауран Намода во државата Замфара, на возраст меѓу седум и 17 години, додека 12 се пренесени во болница со сериозни изгореници, соопшти полицијата.

Абубакар рече дека истрагата е во тек за да се утврди причината за пожарот.