Најдоцна до 25 декември ќе се знае кој ќе биде селектор на фудбалската репрезентација


Како Комисија за избор на нов селектор на македонската А репрезентација, денеска имавме конструктивен состанок, сподели преку својот Фејсбук профил, првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ.

„Споделивме размислувања за профилот на македонски тренер кој ќе внесе стабилност, јасна идеја и континиутет во најдобрата селекција, посочи Омерагиќ.

Тој исто така додаде дека предлогот ќе биде доставен до Управниот одбор на ФФМ најдоцна до 25 декември.

Дојде крајот за Благоја Милевски. Тој веќе не е селектор на фудбалската репрезентација