Најдени 157 мигранти од Сирија кај Богданци


Синоќа кај место викано „Стара плинара“ на обиколница Богданци, полицијата открила група од 157 лица мигранти од Сирија.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка, соопшти МВР во дневниот билтен.