Најбезбедната плажа за летово се наоѓа во Грција

Преубавата плажа Монолити, во Превеза, во регионот Епир на брегот на западна Грција е најсигурна во Европа.

Ова се наведува на порталот „European Best Destinations”, кој се занимава со промозија на туризмот во Европа.

Плажата Монолити е долга 22 киломтери и широка до 80 метри, што ја прави најголемата песочна плажа во Европа.

Покрај тоа, како што пишува оваа интернет-страница, Превеза е можеби единствено место во Европа со големи плажи, а во близина да има три болници и аеродром на 10 минути.

Втора грчка плажа која е меѓу најбезбедните во Европа е Халикунас, на Крф. Се наоѓа на околу 40 км од аеродромот, а воедно е и една од најголемите на овој остров, наведува порталот „Прототема“.