Надзорна расправа за аерозагадувањето на собраниската Комисија за здравство


Фото: Б. Грданоски

Собраниската Комисија за здравство денеска во 10:00 часот ќе одржи надзорна расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на надзорната расправа, која ќе трае пет дена – на 20, 21, 22, 23 и 26 мај, Комисијата за здравство поканувала сведоци од различни државни органи, институции, јавни претпријатија, научни институции и граѓански организации да учествуваат на надзорната расправа и да дадат искази и одговори на членовите на Комисијата и на другите пратеници.

Исто така, на надзорната расправа се поканети да присуствуваат и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, потпретседателите на Собранието на Република Северна Македонија, координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Северна Македонија, членовите и замениците – членови на Комисијата за здравство и други учесници и гости.

На 25 февруари, опозицијата одржа надзорна расправа во Собранието за аерозагадувањето, за ефектите врз аерозагадувањето врз здравјето на граѓаните и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје присуствуваа само пратеници на Левица и СДСМ. надзорната расправа се одржа на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.